30.000 Косовци се откажале од државјанство за 6 години

Дури 30.000 Косовци се откажале од косовското државјанство од 2009. до првата половина од годинава, додека во истот тој период само 5.000 побарале да бидат косовски државјанин.

Тоа значи дека многу поголем е бројот на оние кои се откажуваат отколку оние кои бараат косовско државјанство.

Лиридон Незири, прв човек на секторот за пасоши при МВР вели дека најголемиот процент од оние кои барале да се отпишат од регистарот на државјани на Косово живеат во Германија, каде не се дозволува двојно државјанство, за разлика од Швајцарија или други европски земји каде се дозволува двојно државјанство, пренесува МИА.

– Доколку се направи споредба со бројката од над 320.000 Косовци колку што живеат во Германија, бројката на оние кои се откажале од државјанството не е загрижувачка. Радосна вест се последните измени на законот за државјанство на Германија, каде стои дека сите оние кои се родени во Германија нема потреба да се откажуваат од косовското државјанство, вели Незири.

Од 2009 година, според Незири, од вкупниот број странски граѓани кои аплицирале за албанско државјанство, само 30 отсто од нив ги исполнуваат условите.