30 дена затвор за превезување дете во скут

Казни од 100.000 до 120.000 динари или затвор од најмалку 15 дена за возачите во Србија  што ќе превезуваат дете во скут без соодветно седиште пропишано со закон. Доколку детето е во скутот на совозачот исто така казната е од 20.000-40.000 динари и до 30 дена затвор, предвидуваат измените во Законот за безбедност во сообраќајот кои ќе се применуваат од 1 април во Србија.

Дозволеното количество алкохол во крвта е намалено до 0,3 на 0,2 промили. За надминување на границата казната изнесува 10.000-120.000 динари или затвор од 30 до 60 дена или општествено-корисна работа од 240 до 360 часа и 14 до 16 казнени поени и девет месеци забрана за управување со возило.

Истата казна е и за претекнување колона преку полна линија и за две или повеќе минувања на црвено за помалку од 10 минути. Казната за некористење појас е 10.000 динари, а истата казна е и за користење телефон во текот на возењето.