Судија по претходна постапка и определи 30-дневен пртивор на Катица Јанева во истрагата за случајот „Рекет“ како третоосомничена.
Барањето за притвор на Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Јанева има право на жалба преку своите адвокати до Кривчниот совет.
Јанева е обвинета дека злоуптребила службената положба и овалстување и влијаела за поволна позиција на осомничениот Јордан Камчев во предметот „Империја“.
Вечерва Јанева ќе биде пренесена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.
Јанева е осомничена во случајот „Рекет“ заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.
Сепак, на Катица Јанева ќе и биде дозволено да присуствува на погребот на нејзината мајка утре во Гевгелија, која почина утринава.
Полицијата денеска два пати вршеше претрес во домот на Јанева во Козле. Таа беше приведена попладнево од полицијата по налог на ЈО, а по претресот во нејзиниот дом беше одведена во канцеларијата во Специјалното јавно обвинителство, од каде со налог и беше одземен компјутерот. Потоа специјалната обвинителка повторно беше вратена во домот во Козле, од каде мебел и други предмети беа изнесени со камион. Претрес е вршен и во нејзината куќа во Гевгелија.
Во ЈО по нејзиното приведување прес-конференција одржаа државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заеменичка Лилјана Спасоска и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска кои говореа за натамошната истрага за предметот „Рекет“ и приведувањето на Јанева.
Јовески на прес-конференција соопшти дека од досега обезбедените докази, има основи за проширување на истрагата за „Рекет“ и врз Катица Јанева, која е осомничена за злоупотреба на службената положба и овластувања заради стекнување лична корист.
Тој кажа дека имаат докази оти Јанева остварила лична корист од околу 290 илјади денари така што влијаела на постапката овозможувајќи олеснување на позицијата на осомничен во случајот „Империја“.
Посочи дека специјалната јавна обвинителка ја злоупотребила службената позиција и остварила лична корист со тоа што, најпрво влијаела за ослободување од притвор и враќање на патната исправа, а потоа и дала предлог да се олесни положбата на осомничениот за „Империја“ со негово прифаќање како сведок во постапката.
Катица Јанева, која беше спомната во снимките што ги објави италијанскиот весник „Ла Верита“, вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.