30-годишник нападнат од куче скитник во Аеродром

МВР информираше за нова жртва на каснување од страна на агресивно куче скитник, овојпат на кејот во Аеродром.

„На 02.12.2018 година во 22.00 часот во Полициската станица Аеродром, В.Б.(30) од Скопје  пријавил дека истиот ден околу 14.30 часот на Кеј на реката Вардар, во близина на Спортскиот центар „Јане Сандански“, бил каснат од куче скитник во пределот на левата нога.“, се наведува во соопштението од МВР.