30 полицајци од Унгарија пристигнуваат во Македонија

Нова група од 30 унгарски полицајци ќе пристигне во Македонија како помош во врска со задачите за контрола на границите, соопштија националните полициски сили на Унгарија (ОРФК) на својата веб-страница во понеделникот.

Унгарската полиција е посветена да ги спречи илегалните мигранти да влезат во Унгарија и во Европската унија, се наведува на веб-страницата.

Унгарските полицајци ќе патролираат на границите но и области во Македонија за да спречат нелегален влез, но и приведување на шверцери со луѓе, се вели на веб-страницата, додавајќи дека единицата ќе биде под локална команда.

На веб-страницата исто така се наведува дека полицајците кои се враќаат од Македонија и Србија, исто како приватните лица кои се враќаат од тие земји, ќе останат во изолација сè додека не тестираат негативни на „Ковид-19“.