Најмалку 30 луѓе загинаа утрово во судар на два автобуси на автопатот во пустина на југот во Египет, соопштуваат локалните власти.
Во таа прилика повредени се 10-тина луѓе, а по несреќата на двата автобуса налетал и трет, соопштува Ројтерс.
Стотина луѓе секоја година гинат во Египет во сообраќајна несреќа, кои се главно предизвикани од невнимателни возачи и лошото одржување на патиштата.