Вардар го урна најскапиот ракометен клуб на светот

Ракометарите на Вардар првпат во историјата станаа шампиони на Европа откако во дводневниот турнир на најдобрите четири екипи на контнентот во германски Келн окако во саботата го елиминираа најтрофејниот европски ракометен колектив Барселона, по неполни 24 часа го совладаа и најскапиот клуб на денешницата Пари Сен Жермен, и повторно во последните секунди од натреварот.

Јунак на финалниот меч беше Иван Чупиќ кој го постигна решавачкиот погодок во последните секунди. Вардар можеше и поспокојно да ја дочека завршницата, но за драмата се погрижи Тимур Дибиров кој на 40 секунди пред крајот не погоди од крилната позиција за водство од два гола. Неговото промашување им создде шанса на ракометари на ПСЖ кои преку Даниел Нарсис успеваат да изедначат на шест секунди до крајот. Вардаровиот стратег Раул Гонзалес побара тајм-аут, иако голот на парижаните остана празен. Сепак, во преостанатите секунди беше изработена договорената акција имајќи предвид дека ПСЖ играше со играч помалку во полето поради исклучувањето на грубиот Лука Карабатиќ.

За двата состава ова беше првото финале во Лигата на шампионите. Вардар годинава славеше и во регионалната СЕХА лига, и во домашното првенство и во националниот куп. Мора да се истакне дека и ракометарките на Вардар минатиот месец, исто така, во својот прв настап на „фајнал форот“ за еден гол и судиска неправда беа поразени во финалето од унгарски Ѓер во Будимпешта. Со тоа Вардар стана единствениот клуб во историјата кој истовремено имал финалисти во двете конкуренции за највредниот ракометен трофеј во Европа.

Вардар подобро влезе во натпревот и во првите 20 минути имаше во два наврата имаше и три гола предност (5:2 и 7:4). Меѓутоа, ПСЖ до крајот на првото полувреме го надомести заостанувањето, а потоа и мина во водство (12:11). Првото полувреме го одбележаа одбраните и одличните голмани. Тиери Омејер на голот на парижаните имаше осум одбрани, а Арпад Штербик кој беше на крајот прогласен за најкорисен играч на турнирот, на голот на скопјаните имаше шест одбрани.

Вардар подобро влезе и во второт полувреме. Во 43 минута скопскиот состав имаше повторно три гола предност (20:17). Но ПСЖ уште еднаш се вратија во мечот и на осум минути пред крајот изедначија 21:21. Вардар потоа побегна на „плус два“ (23:21), но парижани успеаја да изедначи, а за 23:23 Нарсис на шест секунди пред крајот на мечот. И кога веќе се чинеше дека ќе следиме реприза на женското финале од Будимпешта, но Чупиќ беше прецизен за победа.

Тоа беше негов трет гол на мечот, а најефикасен кај Вардар беше Тимур Дибиров со седум голови, иако во полуфиналниот меч беше речиси невидлив, а финалниот го започна со неуспех односно зицерот му го одбрани Омејер. Кај ПСЖ најефикасен беше Никола Карабатиќ со петголоци, а другите ѕвезди Нарсис и Микел Хансен постигнаа по четири голови, додека Омејер собра 14 одбрани.