Пратеникот Драган Данев од редовите на ВМРО-ДМПНЕ на денешната собраниска седница за предлог Законот поднесен од ВМРО-ДПМНЕ а претходно поднесен од граѓанска иницијатива кои не помина во Собраниска комисија каде што мнозинство имаше СДСМ, рече дека е смешно кога гледа дека СДС да подржи процесуирање кој е автентично граѓански, а впрочем самите ветуваа дека ќе овозможат дебетирање на законските решенија предлагани од страна на граѓаните.
„Смешно е според мене СДС за се противи на една граѓанска иницијатива. СДС е партијата која во моментот се противи во законодавниот дом за процесуирање на една граѓанска иницијатива. Па нели тие беа тие кои што секои граѓански ицијативи ќе ги внесеа во Собрание и ќе овозможеа за нив да се дебатира и да се носат соодветни законски решенија. Толку од некоја си конзистентност“, рече Данев.
Данев рече дека ВМРО-ДПМНЕ кога имаше можност го зголеми породилното од 6 на 9 месеци. Зошто СДС кога има таква можност со целата своја коалиција не го зголеми исто така за неколку месеци.
„Зарем не е смешно, граѓаните нека проценат Зоран Заев е на отварање на нова инвестиција во општина Струмица, којашто е донесена со ангажманот на владата на ВМРО-ДПМНЕ, на тогашниот премиер Никола Груевски и неговиот тим. Зарем не е смешно новиот министер за транспорт и врски да врши увид на автопатот Демир Капија – Смоквица за кои впрочем фрлаа камења дека бил ваков дека бил онаков“, истакна Данев.
За пожарот во Струга тој истакна дека истиот сѐ уште не е изгаснат и дека се надева дека во наредните денови стружани ќе бидат спасени од загадениот воздух.
„Едно е СДС кога е опозиција, а сосема друго е кога СДС е позиција. Во опозиција даваат лажни ветувања, класично додворување на гласачите за само да се дојде до нивниот глас. А кога се во позиција кога треба нешто да се сработи е тогаш изнаоѓаат запитки, точки и безброј дебати“, рече Данев од собраниската говорница.
На крајот Данев кажа дека не се согласува со пратениците од СДС кои кажале дека владата на СДС нема сеуште избрано заменици министри и не може да работе со полн капацитет.