Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија која се подготвува за настап на ЕП Дивизија Б, вчеравечер загуби на првиот натпревар од двомечот против соодветната селекција на Бугарија со 84:74.
Во дуел кој двете селекции си го предаваа водството, победија домаќините со неколку дискутабилни одлуки на судиите во последниот период.
Бугарите ги добија првата втората и последната четвртина, а Македонија беше подобра во третиот период: 23-19, 25-22, 14-16 и 22-17.
Денес двете селекции ќе одиграат уште еден натпревар, а потоа македонските кошаркари се враќаат во Скопје. Следен пријателски двомеч ќе имаат против Австрија во Виена на 8 и 9 јули.
Европското првенство (дивизија Б) ќе се одржи од 28 јули до 6 август во Талин, Естонија.