Специјалното јавно обвинителство (СЈО), извршува политичка нарачка и води политичка хајка насочена кон ВМРО-ДПМНЕ, чијашто цел е да се ослебне партијата со намера да се ослеби македонската државата, изјави во вторникот на прес-конференцијата, Дарко Костовски.
„СЈО не само што слепо ги извршува политичките нарачки на Зоран Заев, туку почна и да се однесува како него. Ниту ги интересираат, ниту ги почитуваат законите“, рече претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Костовски потсети дека СЈО беше формирано со закон поддржан од четирите најголеми политички партии, со кој беше одреден рок од 18 месеци за отвори истраги кои ќе бидат заршени со подигнување евентуални обвиненија, како и дека тој рок истее на 30 јуни годинава. Притоа истакна дека секое дејствие кое СЈО во оваа насока би го презело натаму претставува тешка повреда на законот.
„СЈО има обврска да го почитува законот и да ги уништи незаконските материјали. Доколку СЈО не постапи согласно закон и не ги уништи во соодветна постапка незаконски прислушуваните материјали, сноси сериозна одговорност и ги зголемува ризиците за натамошни уцени и политички притисоци врз сите кои биле цел на Верушевски, Заев и останатите обвинети од предметот ’Пуч’“, посочи Костовски.
Дека СЈО настапува исклучиво политички и во координација со СДСМ, според оцената на Костовски, надјобро зборувал фактот дека во нивните „монтирани случаи“ се опфатени стотина лица од само од партијата ВМРО-ДПМНЕ.
„Намерата е партијата политички да се оцрни и меѓународно да се изолира. Поради тоа, без никаква основа се одземени пасошите на четириесетина луѓе само од ВМРО-ДПМНЕ и никој друг“, рече Костовски.
Според него, еден од случаите каде се прави политичка хајка е и „Траекторија“, односно изградбата на автопатиштата. За вој случај Костовски оцени дека е „типично политички“, чијашто цел е манипулација и девлавирање на проект кој е капитален за Република Македонија.
„СДС е единствената партија во светот која е насочена кон кочење, манипулација и вулгаризирање на капитални проекти за државата“, рече Костовски кој уверува дека кога станува збор за изградба на автопатиштата се работи за постапка која е чисто законска и обавена низ транспарентна процедура.
„Со цел да се заштеди, се обезбеди евтин кредит од кинеската влада со само 2 осто камата. За споредба другите банки даваа кредит со над 8 осто камата. Меѓу другото, целокупната постапка се спроведе врз основа на закон донесен во Собранието кој го подржаа СДС и ДУИ. Се обезбеди и конкуренција при што меѓусебно надаваа две кинески фирми за градба на патиштата со што цената за изведба е и законска и се оствари дополнителна заштеда за државата. Делото за кое се обвинува Груевски е смешно и парадоксално, тоа е остварување на награда. Да биде апсурдот поголем, СЈО/СДС таа награда не ја гледа во форма на поткуп, како што преку манипулација на одредени медиуми се сака да се стекне впечаток, туку во форма на изразен рејтинг поради реализацијата на овој проект корисен за сите граѓани. Ова е правен апсурд и ова ќе се изучува за класична политичка монтажа и инквизиција од орган кој наместо правно да делува, дејствува како политичка алатка“, појасно претставникот на ВМРО-ДПМНЕ.
Костовски рече дека како што ќе одминува времето, така на површина сé повеќе ќе излегува непрофесионалното, незаконско и необјективно постапување на СЈО.
„Од ден на ден се гледа дека на СЈО не му биле важни ниту правдата, ниту вистината. На Катица Јанева ѝ било важно само да ги исполни наредбите на Зоран Заев кој и на митинзи пред една година најавуваше дека ‘обвиненија ќе имало и притвори ќе имало’. Судовите мора да го задржат својот интегритет, да работат исклучиво врз основа на закон и докази и да не подлегнат на ваквите политички притисоци“, заклучи Костовски.