Петровски: Поставувањето анонимус за директор на Државниот архив е план на СДСМ за да ги спроведува натамошните операци

Бев сменет додека бев на одмор, што значи незаконски сум променет од директорската позиција од Државниот архив на Македонија и во интерес на јавноста можам да кажам дека воопшто не одев преку механизмите на државата оти не само архивот, се запоседнати се и инспекторатите и на тој начин се врши контрола и злоупотреба на тие институции, изјави во неделата Филип Петровски во вестите на телевизија Алфа.

„Оставам на јавноста да суди, бидејќи не е во прашање Филип Петровски како човек, туку што натаму се случи. Помалку од една седмица по промената се сменети над 20 раководители или луѓе коишто беа во мојот тим, а тоа не се партиски луѓе. Тие луѓе се сменети без образложение и не се повикани ниту на разговор, а сето тоа ја покажува режимската структура во Архивот и затоа е доведен човек од СДСМ којшто дава директиви кој ќе биде отстранет. Со тоа Архивот е сведен на една институција којашто е небитна и којашто во процесот на потпишување на договори со државите нема да излезе со документи со спротивното дека Македонија има своја посебност и историски поткрепено таа постои и пред 1944 година“, истакна Петровски.

Потенцирапе дека станува збор за, како што ја нарече – операцијата на СДСМ да се постави човек којшто никој не го знае, за да може да ги спроведуваат посериозните операции без да имаат пречки внатре во системот.