Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени 3.171 тестирања, а регистрирани се 766 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 252, Битола – 80, Куманово – 64, Прилеп – 41, Велес – 36, Струмица – 33, Штип – 28, Тетово – 27, Гостивар, Кавадарци и Охрид – по 26, Кочани – 23, Кичево и Гевгелија – по 13, Струга – 12, Свети Николе и Радовиш – по 10, Крива Паланка и Виница – по 6, Неготино – 5, Валандово, Богданци, Крушево и Демир Хисар – по 4, Берово – 3, Ресен, Делчево и Пехчево – по 2, Дебар, Кратово, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.
„Регистрирани се 1.118 оздравени пациенти од: Скопје – 519, Битола – 101, Куманово – 87, Прилеп – 65, Велес – 54, Струмица – 48, Тетово – 43, Гевгелија – 30, Кичево – 26, Штип – 24, Кочани – 21, Дебар – 15, Гостивар – 14, Свети Николе и Виница – по 9, Ресен и Радовиш – по 8, Берово – 7, Дојран – 6, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар и Кратово – по 4, Македонски Брод – 3, Валандово – 2, Охрид, Демир Капија и Пехчево – по 1. Пријавени се вкупно 31 починато лице: 8 од Скопје (70, 71 , 76, 76, 78, 79, 80, 80), 4 починати лица од Битола (58, 64, 79 и 84), 3 од Куманово (48, 74 и 68), по 2 лица од Гевгелија (68 и 73), Кавадарци (69 и 80) и Кочани (71 и 73) и по едно лице од Велес (76), Струга (74), Гостивар (61), Дебар (78), Кичево (66), Охрид (71), Прилеп (81), Струмица (59), Тетово (61) и Штип (66). Од починатите пациенти, едно лице е починато во домашни услови, а останатите 30 лица во болнички услови“, се вели во соопштението.
Направени се 3.171 тест преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-62, ЦЈЗ Битола-85, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, Судска медицина-5, лабораторија болница Козле-4, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-8, Институт за микробиологија–0, МАНУ-136, Жан Митрев (Филип Втори)-123, Авицена-171, Биотек-264, Систина-236, лабораторија Лаор-149, Синлаб – 44, Ремедика-53, Плодност – 58, Генеа – 3, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.196.
„Досега во земјата се направени вкупно 695.267 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 147.995, бројката на оздравени пациенти е 124.828, на починати е 4.509, а бројот на активни случаи изнесува 18.658“, се вели во соопштението.