Според последните информации во инцидентот од понеделникот вечерта кога автомобил влета во пицерија во североисточно предградие на француската престолнина Париз, настрадале 12 лица, а жртвата е 13-годишно девојче, пренесува порталот France Info.
Претходно медиумите за инцидентот во општината Сен-Сор во департманот Сен-е-Марн објавија за пет до осум повредени и за загинувањето на осумгодишно девојче.
Според француските медиуми, четворица од настраданите се наоѓаат во критична состојба, а другите осум се здобиле со полесни повреди.
Снимките покажуваат дека автомобил BMW со сребрена боја речиси целосно е навлезен во објектот од малата пицерија. Во медиумските извештаи се истакнува дека на местото од инцидентот не се забележливи никакви траги од кочење.
Возачот е уапсен. Се наведува дека тој пред неколку дена имал неуспешен обид за самоубиство. Верзијата за терористички напад, засега е отфрлена.
Претставниците на локалната жандармерија апелираа до жителите на малата општина на 65 километри од Париз да не ја попречуваат спасувачката операција на местото на настанот и да не го нарушуваат периметарот на заштита на местото на инцидентот.