Соединетите држави и натаму се подготвени за можен дијалог со Северна Кореја којашто одлучи дека засега нема да ја спроведе заканата за истрелување на ракети во близина на пацифичката американска територија Гуам, изјави во вторникот американскиот државен секретар Рекс Тилерсон.
„Сѐ уште сме заинтересирани за барање на патот кон дијалогот, но тоа зависи од него“ севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, изјави шефот на американската дипломатија Рекс Тилерсон.
Севернокорејскиот челник изјави дека „уште малку ќе го следи налудничавото и глупаво однесување на Јенките“ пред евентуално да даде наредба за лансирање на ракетите, извести во вторникот службената севернокорејска новинска агенција KCNA.
Доколку „се упорни во своето неодговорно и опасно однесување на Корејскиот полуостров“, Северна Кореја ќе го стори „она што го најави“, сепак, додаде Ким.
„Засега немам одговор на неговата одлука“, додаде американскиот државен секретар кусо одговарајќи на новинарско прашање откако го поднесе годишниот извештај на САД за верските слободи во светот.
Тилерсон претходно изјави дека американската администрација е подготвена да преговара со Пјонгјанг, но со услов севернокорејските власти да се откажат од нуклеарните амбиции.
„САД сакаат да преговараат со Пјонгјанг“, рече ден претходно Тилерсон во заедничкиот новински коментар со министерот за одбрана Џим Мати. Но за да седне на иста маса со делегација на Ким Џонг-ун, американската дипломатија бара да покаже добра волја и 2веднапш да престане со провокативните закани, нуклеарните тестирања и тестирањата на ракетните лансери и другото оружје“.
Последните седмици ги одбележа ескалацијата на севернокорејската криза по тестирањето на интерконтиненталните ракети на Северна Кореја и острите изјави на американскиот претседател Доналд Трамп кои предупреди дека режимот во Пјонгјанг ќе го снајде „оган и гнев“ доколку и натаму се заканува.