Александрова: Студентите пак ја почувствуваа суровоста на СДСМ

Студентите повторно ја почувствуваа на своја кожа суровоста на СДСМ на дело, откако владејачката партија им укина еден од трите оброци кои им следуваат секој ден на студентите кои престојуваат во студентските домови. Сега наместо три оброка на трошок на државата, тие ќе можат да јадат само два, рече во петокот Сара Александрова од ВМРО-ДПМНЕ.

Александрова истакна дека СДСМ, за жал, секој ден остава гладни илјадници студенти, а оти истворемено додека министрите од оваа партија се гоштеваат со морски плодови, морска храна, апетисани и слично, илјадници студенти ќе останат гладни.

„Богоев, Туфегџиќ, Заев, Дескоска и сите останати, кои ветуваа подобар студентски стандард, сега откако седна во своите удобни функционерски фотелји веднаш удрија по грбот на илјадници студенти. Со оваа антиреформа, илјадници студенти се оштетени, а нивните родители ќе мораат да одвојат повеќе пари од семејниот буџет, за да им дадат на своите деца да не останат гладни“, рече Александрова.

Запраша дали ова е животот кој СДСМ ги ветуваше пред изборите и констатираше дека станува збор за нечовечки однос кон студентите које е само уште еден доказ дека на СДСМ воопшто не им е гајле за ништо, туку единствено се грижат за луксузирање а државна сметка.

„На 15-ти октомври, студентите ќе стават крај на ваквото сурово однесување од страна на СДС. Ваквиот нечовечки и суров однос кон млади луѓе, ќе им нанесе огромен пораз на СДС“, нагласи Александрова.