Делото „Композиција со автопортрет“ којашто во 1926 година ја насликал италијанскиот мајстор Џорџо де Кирико е украдена од Уметничкиот музеј во Безеир, на југот од Франција, соопшти во вторникот државното обвинителство.
Сликата од „непроценлива вредност“ која била дел од приватната збирка на модерни мајстори во сопственост на Жан Мулен (1899-1943), роден во Безиер, украдена е минатиот четврток од Уметничкиот музеј во центарот на градот.
Жан Мулен, инаку, е херој на француското движење на отпорот во Втората светска војна, кој претходно се занимавал со колекционерство на слики.
Покрај сликата на Џорџо де Кирико (1888 – 1978), е основач на движењето на метафизичкото сликарство коешто го одбележува враќањето на фигуративното сликарство коешто потсетува на традицијата на италијанската ренесанса, во збирката на Мулен се дела Сутино, Раулд Дуфи, Кремење и Сузан Валадон.
Според весникот Midi Libre, кој се повикува на извори од обвинителството кражбата на делото било пријавено на 16-ти кога обезбедувањето на музејот по отворањето видело на нејзиното место само празна рамка. Се претпоставува дека крадецот платното го исекол со канцелариски нож. Потрагата по несомнено скапото дело го отежнува и тоа што во музејот не бидел поставени камери за видео надзор.