Партизан убедлив против МЗТ

Кошаркарите на МЗТ Аеродром Скопје во рамките на 12-то коло беа поразени во саботата вечерта во Белград од Партизан со 94:112 поени, по катастрофалното прво полувреме во кое скопските кошаркари примија дури 69 кошови.

„Црно-белите“, кои првпат од клупата ги водеше новиот тренер Ненад Чанак, по четвртини беа подобри со (32:19, 37:23, 19:28, 24:24). Со тоа Партизан го прекина поразот од шест последователни порази во сите натпреварувања и ја постигнаа шестата победа во регионалното натпреварување.

МЗТ Скопје, пак, е последен на табелата во АБА Лигата со скор од само две победи и десет порази.

Натпреварот беше решен во првата четвртина кога МЗТ Скопје по воведната серија од 8:2 по минута и половина игра падна а Партизан влезе во ритам со кој стаса до водство од 28:10 во следните седум минути и четвртината ја заврши со водство од 32:19.

Најефикасен во победничката екипа беше Михајло Андиќ со 29 поени за исто толку минути минати на теренот на што додаде по два скока и асистенции и една украдена топка со што беше најкорисен играч на мечот, додека по 17 додадоа Патрик Милер и Александар Аранитовиќ, а уште двајца кошаркари Најџел Вилијам Гос со 12 и овица Беличковиќ со 11 поени, постигнаа двоцифрен број кошови.

Во редовите на МЗТ најдобар беше Бојан Трајковски со 20 поени.