Мицкоски: Мојата визија е држава на народот, за народот, отворена и рамноправна, силна и просперитетна

Мојата визија е држава на народот, за народот- отворена и рамноправна, силна и просперитетна, Македонија мора да оди напред. Корупцијата, политичките притисоци, политичката одмазда мора да стане минато, изјави новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по неговиот избор во саботата на вонредиот 16-ти партиски конгрес.

„Македонија мора да има брз и ефикасен правосуден систем, а не уценет и зависен каков што е сега. Правичноста е најбитна. Судиите наместо да бидат мета на политички притисоци, треба да бидат почитувани и добро финансиски стимулирани за да може да се отпорни на обиди за корупција. Оние кои ја делат правдата мора да бидат независни и непристрасни. Граѓанинот треба да има достап до правдата брзо и ефикасно, без огормни трошоци, без бирократија, а полицијата професионална и почитувана. Мора да растат платите на граѓаите, клучот е во развојот на економијата“, рече Мицкоски.

Во надворешната политика „Планот 3-6-9“ на актуелната влада нема резултат, рече новиот челник, нема реални подобрувања во ниту една сфера од клучните области. Со секој залудно изгубен ден Европската унија станува се подалечна цел.

„Младите ја губат перспективата, додека нивните врсници од другите европски земји уживаат во придобивките на Лувр, римскиот колосеум, Нотр Дам, солидната германска економија, англиското претприемништво, и перспективата која тие ја нудат. Членството во Европската Унија започна да се користи како протоколарна цел која се споменува на здодевни состаноци на кои мора да се разговара оваа тема, но без суштински заклучоци, и без поента за одење напред. Се прикажува како пат за месечината, тука е може да се види, но не и да се почуствува. Затоа е потребен е реален напредок, потребно е реално решавање на проблемите, носење на закони по пат на дијалог кои реално ќе ги подобрат условите за живот и ќе ги скратат бирократските процедури. Закони кој се за општото добро, а не да се задоволат нечии политички апетити. Единствениот пат на државата е патот кон Европсата Унија и НАТО. Но притоа потреби се забрзани и реални чекори напред преку суштинско подобрување на сферите, а не само розеви очила, но груба реалност. Македонија мора да стане земја членка на Европската унија и Нато алијансата но потребна е реална волја, структурни и реални реформи, преку професионални кадри кои ќе го подобрат живеењето на граѓаните. Македонија угледна во меѓународната политика, да се градат мостови, базирано на тоа што е вистинска вредност за оваа држава. Мојата визија е држава на народот, за народот, отворена и рамнпоравна, силна и просперитетна. Македонија тоа го може“, рече Мицкоски.

На несмасните брифирања, како што ги нарече, од неименувани партиски извори дека ќе бил марионета „ќе одговорам дека со мојата работа убеден сум дека ќе го докажам спротивното“ додаде Мицкоски.

„Свесен сум во каква атмофера поминува овој Конгрес, со шпекулации и наметнати теми, но таква е состојбата и со политиката. Од денеска па натаму ќе се потрудам политиката да биде поинаква. Свесен сум за сите сомнжеи во мене кои донекаде се оправдани затоа што не сум носел крупни државни одлуки“, рече Мицкоски.

Новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ рече дека нема намера да штити непринципиелни работи и нешто што е спротивно на вредностите на партијата.

„Мојот политички притивник е СДСМ, а не поединци во ВМРО-ДПМНЕ. Ќе работам на решавање на проблемите со дијалог, но нема јавно да прозивам и внатрешната дебата да се претвори во театар кој ќе оди во прилог на нашиот противник“, рече Мицкоски.

Рече и дека ќе се труди да наметне сосема нов начин на функционирање на партијата.

„Нема да ве разочарам, ви ветувам дека тоа ќе го сторам. Да ја направиме нашата партија повторно најсилна во државата која гордо ќе ја предводи Македонија во подобра иднина“, им се обрати Мицкоски на делегатите.

Додаде оти е потребно обединување на силите.

„Каде што има обединување таму е победата. Ние сме тие, ВМРО-ДПМНЕ е шансата која се бара и е потребна на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, новото утро се раѓа, новото утре кое ќе донесе нова надеж за граѓаните на Република Македонија“, рече Мицкоски.

 

„Сега е време да станеме! Сега е време да станеме! ВМРО-ДПМНЕ го очекува тоа од нас! Македонија го бара тоа од нас! Потребен е нов елан, нова енергија, нашиот народ бара нова светлина и надеж, бидејќи ова што во моментов се случува во државата, не е ниту светлина, ниту надеж, туку темнина и разочарување“, додаде во своето обрачање новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

„Дали ние ќе бидеме тоа? Можеби, повторно ќе кажам, претенциозно ДА. , но ако ме прашате дали знам, искрено повторно че кажам не знам. Но, во едни вакви околности, кој можел да каже еден вистински одговор и кој би можел ја каже вистината. Но, едно знам, сиот свој човечки интегритет, сиот свој, сиот свој интелектуален капацитет, сето свое знаење, сето свое знаење, сила и енергија, секој атом од мојата човекова молекула че ја дадам, за да и служам на Република Македонија, на ВМРО-ДПМНЕ, на вас, и на граѓаните“, рече Мицкоски.

Овој избор за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, нагласи новиот лидер, поминува низ една многу сложена атмосфера.

„Во ситуација на прогон кон се што мисли различно и патриотски од Владата, во ситуација кога тоне економијата, образованието и здравството се во очајна состојба, земјоделците се соочуваат со лажните ветувања на актуелната власт, достоинството на нашиот народ е на распродажба, корупцијата во владата цвета, а непотизмот и погрешните и неетички чекори се дефокусираат со претреси по домови, или со некои нови уште поголеми гафови“, рече Мицкоски.

Рече дека ќе се труди да ги вклучам сите кои сакаат да помогнат во борбата на демонтирање на, како што ја научи неспособна власт предводена од СДСМ, влада безидејна и без проекти. Мицкоски додаде дека без суета и без непотребни каприци, секој граѓанин кој ќе посака да помогне, и во програмскиот дел, и во организацискиот дел, и во креирањето и одбраната на политиките и новата визија и план кои се пред партијата о и во напорите да се посочат реалните проблеми во борбата за подобра иднина.

„Сакам да ве уверам, постојано од денеска натаму ќе го правам тоа ќе одговарам пред вас, ќе бидам секојдневно на ваше располагање заедно да одлучуваме, тоа ви го ветувам. ВМРО е најдлабоката емоција на овој народ, вграден елемент во неговото битисување. Тоа е израз на најслободарските идеали, но и рефлексија на жестокиот притисок, и борба за своја држава и независност на нашиот народ. Ако многу други народи имаа свои движења, организациии, паметници на своите историски подвизи, херојски чекори и достигнувања,Македонија го има ВМРО, а ВМРО не се само штабовите, органите на партијата, туку секој чесен граѓнин кој ја сака Македонија, и во кој живее таа непоколеблива пркост која ги натера многу херои во минатото да ја побараат слободата, многу интелектуалци тоа го правеа со своето перо, а еве денес нашата генерација стои пред предизвици и прашања подеднакво големи како во минатото, и токму сега повеќе од кога и да е, е потребна мудрост и разум и пред се трпение“, рече Мицкоски.

Додаде дека на Македонија ѝ престои време што бара енергичност и заеднички напори, како и дека теренот, градовите, населбите, маалата и улиците ќе останат природната средина во која ќе функцонира ВМРО-ДПМНЕ и активистите на оваа партија.