Хамнеи: Трамп нема да успее против Иран, како што не успеа ниту „паметниот“ Реган

Врховниот ирански водач ајатолахот Али Хамнеи изјави во средата дека американскиот претседател Доналд Трамп нема да успее во својот тврд став кон Иран, како и дека Техеран посилен отколку во периодот на „помоќниот и паметниот“ негов претходник Роналд Реган.

„Реган беше помоќен и попаметен од Трамп, и подобар во заканите, и тој идеше на нас и ни урна авион“, изјави ајатолахот Али Хамнеи во говорот кој го пренесуваше иранската државна телевизија.

Американскиот борбен авион во 1988 година урна ирански патнички авион над Персискиот залив при што загинаа сите 290 луѓе во авионот во инцидентот за кој Вашингтон призна дека е грешка. Техеран тогаш обвини дека тоа бил намерен напад врз Иран кој тогаш беше во војна со соседен Ирак со кој владееше диктаторот Садам Хусеин.

„Но Реган повеќе го нема и според нашите верувања го стасала Божјата одмазда…. а Иран од неговиот период напредуваше на сите полиња. Тој тренд ќе продолжи и за време на сегашниот американски претседател и секоја надеж од нивната страна за да може Исламската Република може да се повеќе или да ослаби, е залудна“, додаде Хамнеи.

Американскиот претседател Доналд Трамп одби да го потврди дека Техеран ги исполнил обврските од договорот постигнат во 2015 година со светските сили и предупреди дека би можел ултимативно да се повлече од договорот.

Тој најави скршнување во американската политика во говорот во кој зборуваше за поагресивен пристап кон Иран поради неговата ракетна програма и поддршката на шиитските милинатни групи на Блискиот исток.