34 милиони евра од новиот заем ќе одат во ФЗОМ за да се покрие дупката што ја направи Ден Дончев

Од средствата 90 милиони евра кредит што се планирани за здравството, не се кажува конкретно каде ќе одат тие 34 милиони евра, значи ние немаме дефинирано ништо. Само знаеме дека дел од тие средства ќе одат во Фондот за здравствено осигурување или практично се покрива дупката што ја направи Ден Дончев. Е сега во предлог-законот наведено е дека ќе се зголемувал персонал во делот на патронажни сестри и тоа е во ред но, што правиме со докторите. Сите ни избегаа, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Здравковски.

-Тоа е така затоа што на специјализантите им ветувавте дека ќе им го решите статусот, меѓутоа специјализантите се уште не земаат ниту една третина од платата. И додека ВМРО-ДПМНЕ постојано збореше дека треба да се инвестира во здравството вие правевте непродуктивни трошоци, трошевте за лубриканти, за три тони кафе, бадеми, лешници, посочи тој.