Заменик министерката за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, присуствуваше на отворањето на првиот бизнис акцелератор во Република Македонија (New Man’s Business Accelerator), кој што преку високоспецијализирани програми ќе настојува да им помогне на младите луѓе на почетокот на нивната професионална кариера.
Станува збор за македонско-американска компанија со свои канцеларии во Скопје и Лос Анџелес, а својата работа ќе ја темели на развој на иновативни проекти од областа на информатичко-комуникациските технологии и креативните индустрии, во тесна соработка со академијата и со Владата.
Компанијата ќе работи на интеграција на трите главни сфери во општеството – студентите, бизнисите и академијата и инвеститорите, кои на младите луѓе ќе им помогнат и ќе им овозможат да оформат сопствени компании. Инаку, ќе бидат ангажирани ментори и тренери од земјата и од странство со големо професионално искуство.
Покрај заменик министерот Арсовска Томовска, на приемот присуствуваа и голем личности од информатичко-комуникациската област, студенти и др.