Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто побара во понеделникот оставка од високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Ра’ад ал-Хусеин, поради тоа што го обвини унгарскиот премиер Виктор Орбан за ксенофобија и расизам.
„Целосно недостојно е челници на ОН да ги обвинуваат земјите членки и демократски израните лидери. Очигледно е дека Зеид *Ра’ад ал-Хусеин) трана да си поднесе оставка“, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во остриот говор во Советот за човекови права на ОН во Женева.
Ал-Хусеин претходно во својот говор на отворањето на 37-то заседание на Советот изјави дека „прогонот е во мода, се враќа полициската држава и загрозени се темелите на слободата“ и истакна дека во Европа „ксенофобите и расистите веќе немаат чувство на срам, како Виктор Орбан“. Како што рече комесарот на ОН, унгарскиот премиер на почетокот наводно изјавил „Не сакаме нашата моја на кожата (…) да се меша со другите“.
Одговарајќи на овие обвиненија, унгарскиот министер за надворешни работи се зачуди од тоа што високиот комесар на ОН не е присутен во салата на ОН. „Каде е сега високиот комесар? Зошто не ги слуша реакциите на земјите членки?“, запраша Сијарот потсмевајќи се.
На прашање на агенцијата AFP, високиот функционер на светската организација ал-Хусеин, не сакал ништо да коментира.
Сијарто, исто така, оцени дека споредувањето на неговата земја „со најлошите диктатури од минатиот век едноставно е неприфатлива. „Унгарија е земја на Унгарците и сакаме таква да ја зачуваме, бидејќи имаме право на тоа“, рече.
„Мораме да го имаме правото да решаваме за тоа кој има право до дојде“, рече уште шефот на унгарската дипломатија истакнувајќи дека „миграцијата е нешто опасно“. „Можеме да ја запреме, треба да ја запреме“, додаде Сијарто.
Покрај тоа укажа дека „масовното“ доаѓање на имигрантите во Европа во 2015 година, коешто беше најголемата мигрантска криза на европскиот континент по Втората светска војна“, „им даде на терористичките организации можноста да ги испратат своите активисти, терористи и борци во Европа“.
„Нарушувањето на границите мора да се смета за кривично дело и мора да се казнува. Унгарија со големи вложувања ги штити своите граници. Потрошивме повеќе од милијарда евра за таа цел во период од две до две ипол години“, заклучи Сијарто.