Првото пополнување со кадри од нови партии во владејачката коалицијата премиерот Зоран Заев очекува да се случи од 10-ти до 15-ти април за кога најави смена на кадрите на Алијансата на Албанците кои чекаат разрешување откако партијата излезе од Владата.
Заев ја потврди средбата во четвртокот со челникот на главниот коалициски партнер ДУИ, Али Ахмети во Собранието каде што разговарале за тековните средби за името во Виена, за улогата на десетте пратеници на ДУИ во носењето на реформските закони, но и за проширување на владиното мнозинство. Рече дека засега ја има согласноста на ДУИ за овие прашања.
Заев вчера се сретнал и со собранискиот спикер Талат Џафери каде била договорена агендата за носење реформски закони кои се превидени со „Планот 3-6-9“. Притоа посочо дека на 10-ти април на пленарна седница ќе се најдат Законите за судовите, за заштита на сведоци, за следење на комуникациите, промените за ДИК и други закони.
За носење на реформските закони неопходно е двотретинско мнозинство, што во моментов не може да се обезбеди поради неприсуството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во работата на законодавниот дом. Од партијата велат дека се уште немаат донесено одлука за нивно враќање а доколку одлучат тоа да го сторат, ќе треба да се произјаснат највисоките партиски органи.
„Поголем дел од времето поминав во кабиентот на Талат Џафери затоа што сакав заедно да определиме една агенда за реформиските зкаони. Сакаме до 15-ти април односно два дена од објавувањето на извештајот на 17-ти април дел од законите кои се усогласени, коишто се чисти, минати преку експертизата поднесени во Собрание да поминат. Договоривме на таа седница на 10-ти април, тука се законот за следење на комуникации, тука е законот за заштита на сведоците, за судовите и судскиот совет и другитте зкаони кои се усогласени, промената на ДИК поради тоа што мора да биде пополнета и други закони од 3-6-9“, изјави премиерот Заев.
Заев пред два дена ја потврди соработката со Демократската партија на Турците чиј пратеник веќе делува како дел од владејачкото мнозинство во парламентот, но оваа партија сѐ уште не добила колач од извршната власт.
Како први потенцијални идни владини партнери Заев ги посочи дветре крила на БЕСА. Неофицијалните информации се дека сѐ уште разговорите не се на лидерско, туку на партиско ниво. Високи партиски извори од СДСМ коментираат дека БЕСА, без да прецизираат кое крило, дали она на Гаши или она на Касами, преговарала за едно министерско место. Од СДСМ, исто така, инсистираат тоа да биде министерска позција без ресор, додека, пак, БЕСА бара ресорско министерство.
Инаку, за носење на реформските закони неопходно е двотретинско мнозинство, што во моментов не може да се обезбеди поради неприсуството на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во работата на Собранието. Од партијата велат дека сѐ уште немаат донесено одлука за нивно враќање а доколку одлучат тоа да го сторат, ќе треба да се произјаснат највисоките партиски органи.