357 граѓани не носеле маска, МВР апелира да се почитуваат мерките

Во текот на изминатото деноноќие (10/11.07.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за неносење лична заштита на лице, регистрирани се 357 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со ковид-19.