
360 степени во потрага по одговори за набавката на софтверот вреден 81 000 евра.
Софтверот за сообраќајни прекршоци лани го купил Генералниот секретаријат на Владата, Драги Рашковски, а никој не го користи.
Предмет за ова отвори и Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а во меѓувреме Рашковски е на одмор во Мексико.
За спорни аспекти од набавката, новинари од 360 степени се обиделе да добијат одговори директно од фирмата што го добила тендерот, но не биле добредојдени.
„Било каде да прекинете да ѕвоните, на било кој стан, инаку ќе повикам полиција!“, ни рекоа на „Охриска 37“.
Охридска 37 е адресата која во Централниот регистар и во тендерските документи фигурира како седиште на „Инвока Гроуп“, фирмата што лани изработила софтвер за мерење просечна брзина на возилата во сообраќајот и изрекување казни, по нарачка на Генералниот секретаријат кога со него раководеше Драги Рашковски, пишува порталот.
Целиот текст прочитајте го ТУКА.