Полицијата иселува уште два мигрантски кампа во Париз

Француската полиција започна во понеделникот утрото со празнење на уште два илегални мигрантски кампа во Париз, пет дена по сличната операцијала кога од кампот „Миленер“ во северниот дел од главниот град евакуираа околу илјада луѓе.

Полицијата околу 6,30 часот започнала да иселува околу 550 мигранти од кампот крај каналот Сен-Мартен, во северниот дел од Париз, а во тек е и празнењето на кампот со околу 450 луѓе недалеку од Порт де ле Шапел, исто така на северот од француската престолнина. Миграните од кампот во Сен-Мартен се повеќето Авганистанци коишто на брегот од овој париски канал минаа неколколку месеци.

Станува збор за 36-та евакуациска акција на полицијата во Париз во последните три години. Европа од 2015 годна се соочува со мигрантската криза без преседан, предизвикана, меѓу другото, и со војните во Сирија и Либија. Покрај тоа, повеќе од милион луѓе од Африка и Блискиот исток, но и од Авганистан и Пакистан, се обидуваа во изминатиот период преку Турција, Грција и Италија да се префрлат во богатите западни членки на Европската унија.

Што се однесува на Франција, најголемиот прилив на имигрантите го доживеа пристанишниот град Кале, каде што властите во 2016 година го раселија големиот мигрантски камп кој таму беше илегално подигнат и наречен „Џунгла“ а функционираше како мало гратче со помош на невладините организации. Повеќето простанати имигранти во Франција побараа спас во Париз, и на југоистокот од земјата во близна на француско-италијанската граница.

Минатата 2017 година во Франција се поднесени рекордни повеќе од 100.000 барања за азил и понуден им е статус на бегалци на околу 30.000 луѓе, според официјалните податоци. Во истиот период присилно биле протерани 14.900 лица.