![zdrepka](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/zdrepka.jpg?resize=640%2C374&ssl=1)
Ракометарите на македонскиот шампион и следната сезона ќе атакуваат на пласман на завршниот турнир во елитното континентално натпреварување, а жрепката „вардарци“ ги смести во квалитативно посилната Група А, во друштво на уште седум трофејни клубови.
Во Групата А, РК Вардар беше избран на првата позиција, а следат полски Виве Киелце, шпанска Барса Ласа, белорускиот шампион Мешков Брест, унгарскиот Веспрем, француски Монпелје, шведски Кристијанстад и германскиот претставник Рајн Некар.
Со сите ривали против кои ќе игра Вардар во групната фаза од Лигата на шампионите и претходно се соочувал. Интересно е што петта сезона по ред за ривал во групната фаза македонскиот шампион го доби го тимот на Рајн Некар, а четврта сезона по ред ќе игра и со Кристијанстад од Шведска. Против екипата на Мешков игра и во СЕХА Газпром лигата, а можно е и со Веспрем доколку унгарскиот тим го потврди враќањето.
Во Групата Б жрепката ги соочи ПСЖ и Пик Сегед од Франција и унгарија, а ним им се придружија уште германски Фленсбург, норвешки Скјерн, Мотор Запорожје, словенчкиот шампион Целје а во оаа група е уште еден француски претставник – Нант.
Вториот македонски претставник, скопски Металург беше извлечен во групата Ц, во којашто се уште и Бјерингрбо, Спортинг, Бешикташ, Чековски Медведи и Татран Прешов.
Останува истиот систем на играње. Првите шест од групата продолжуваат во следната фаза. Првопласираниот ќе го скокне осминафиналето, и директно ќе игра меѓу осумте најдобри. Другите ќе вкрстат со група Б и со еден тим што ќе дојде од послабите групи Ц и Д, каде ќе се играат квалификации.