Австриската престолнина Виена првпат е на врвот од листата од градовите во светот според квалитетот на живеењето, којашто ја прави истражувачкиот центар The Economist Intelligence Unit (EIU) за британскиот магазин The Economist објавена во вторникот.
Виена ја истисна од првото место австралиската метропола Мелбурн којашто седум години по ред беше прогласувана за најдобриот од 140-те градови во светот според квалитетот на живеењето. Претходно австриската престолнина повеќепати беше прогласувана за најудобниот град за живеење според листата којашто ја прави консултантската компанија Mercer.
Во анализата на EIU се земени предвид повеќе од 30 фактори во рамките на пет категории: стабилноста, здравствените услуги, образованието, инфраструктурата како и културните настани и животната средина.
„Виена го истисна Мелбурн од врвот на листата благодарејќи на подобрените показатели во стабилноста. Ако претходно европските градови беа изложен и на распространетата претпоставена закана од тероризам во регионот, поради што следеа засилени безбедносни мерки, минатата година бевме сведоци на враќање во нормалата“, истакнуваат составувачите на рејтингот.
Културната компонента и животната средина ѝ овозможија на Виена да стане најдобар град за живеење на Земјата, иако Мелбурн со ништо не отстапува по другите критериуми. Зелените зони, езерата и винариите во градот заедно со релативниот ефтиниот и удобен јавен превоз се предностите на оваа алапска земја. Еден од авторите на рејтингот, Роксана Славчева, исто така, го истакнува и ниското ниво на криминал во Виена, односно подобрувањето во однос на безбедноста низ цела Замапна Европа. Австриската престолнина се претстави како еден од најбезебедните градови во Европа, додава.
Во извештајот на EIU забележлива е и тенденцијата според којашто најблагопријатни за живот се градовите со средна големина и со ниска густина на населеност. Така, населението на Виена уште не го надминало нивото од пред Првата светска војна, а првата петорка најдобри градови за живот ја дополнуваат јапонска Осака, канадски Калгари и австралиски Сиднеј.
Најголем напредок покажала украинската престолнина Киев, којашто напредувала 13 места со што излезе од составот на десетте најлоши за живот градови во светот. Тоа, според авторите на рејтингот, е одраз на намалувањето на стапката на криминалот и растечката стабилност во украинската престолнина.
Од друга, најмалку благопријатни за живот се градовите во зоните на конфликти, па така на оваа листа првото место ѝ припаѓа на сириската престолнина Дамаск. Веднаш задовој, еден од најстарите градови според современите мерила на планетата, е главниот град на Банлгадеш – Дака, па потоа следат Лагос во Нигерија, Карачи во Пакистан и Порт-Морсби во Папу-Нова Гвинеа.
Минатата година листата што ја составува EIU беше жестоко критикувана од страна на британските медиуми. Имено авторите на рејтингот со ставија Манчестер на 51-то место по терористичкиот напад од 22-ри март 2017 година, кога бомбашот самоубец на концертот на американската поп-увезда Ариана Гранде во комплексот „Манчестер Арена“ уби 22 луѓе. Трагедија беше причина градот да биде симнат за осум места подолу на листата според квалитетот на животот, што за многумина беше неетички.