Трамп во ОН против идејата на глобализмот, за вредностите на патриотизмот

Американскиот претседател Доналд Трамп во говорот во вторникот на Генералното собрание на Обединетите нации го отфрли глобализмот и ги пофали земјите коишто ги водат патриотски и суверенистички челници.

„Ја отфрламе идејата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизмот. САД секогаш ќе ја избираат независноста и соработката наместо глобалната влада, контрола и доминација“, рече американскиот претседател од говорницата на ОН.

Трамп продолжи со зборовите дека мирот, напредокот, слободата и демократијата може да ги постигнат само силни суверени држави во цврсти национални граници.

Една од клучните точки на неговиот говор беше правото на Соединетите држави да одат по сопствениот пат.

„Го почитувам правото на секоја нација во оваа сала да живее според сопствените обичаи, верувања и традиција. САД нема да во кажуваат како да живеете и што да правите. Единствено што бараме за возврат е да го почитувате нашиот суверенитет.

„Нашата армија наскоро ќе биде помоќна од кога било во историјата. САД е посилна, побезбедна и попросперитетна земја од пред две години, кога ја презедев функцијата… Ние ги штитиме американските вредности и луѓе, но ние се бориме за целиот свет“, рече Трамп од говорницата во Њујорк, додавајќи дека тоа е добра вест за светот, бидејќи кога се борат за сопствен просперитет полесно е да се обезбеди мир.

 

Другите клучни точки од говорот на Трамп:

 

Критики за OPEC и Хаг, пофалби за Израел и Полска

За светската трговија рече дека неговата админситрација нема да толерира никакво кршење на прописите и правилата. Ја обвини Кина за дампинг цените и кражба на интелектуалната сопственост кои довеле до големиот американски долг.

Ја обвини и Организацијата на произведувачите на нафта (OPEC), која заедно со другите водечки производели надвор од картелот предводени од Русија договори намалување на производството, дека ја „дере кожата“ на светот во време кога бројни членки на оваа органзиација се потпираат на американската воена помош.

Реле и дека илегалните имиграции ги полнат џеповите на криминалните мрежи, додека истовремено му го отежнуваат животот на локалното население. Со имиграцијата, истакна Трамп, не би требало да управуваат меѓународни тела. Истовремено на државите од кои доаѓаат имигрантите би требало да им се помогне да изградат подобар живот за своите граѓани.

Трамп ја пофали Индија дека милиони земји извела од сиромаштијата и „го воведе во средната класа“, а Саудиска Арабија за „смелите, нови“ реформи, додека Израрл го нраеше „напредна деморкатија“ и ја истакна Полска како држава којашто се бори за својот суверенитет.

Американскиот претседател го нападна Меѓународниот кривичен суд (ICC) како глобална бирократија којашто не е избрана, ниту одговара некому“, и исткана дека овој суд со седиште во Хаг „нема надлежнсоти, легимитите и авторитет“.

 

Против Гутереш: Нов удар за мултикултурализмот

Говорот на американскиот претседател Доналд Трамп беше дијаметрално спротивен од оној што го имаше пред него пред претставниците на 193-те земји членки на Генералното собране, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Вимавајќи да не го именува Трамп, пораката на Гутереш беше повеќе од јасна. Предупреди дека светот се движи кон „популизам“ и „изолационизам“ (пежоративен назив на поборниците на неолиберализмот за политиката на национална и државна сувереност) „игнорирајќи го искуството од XX век и ризикувајќи нов глобален судир“.

Гутереш претходно во вторникот истакна дека мултилатеризмот е на удар во моментот кога е најпотребен. „Челниците се должни да се грижат за своите народи. Но уште пповеќно, како чувари на општото добро, имаме должност да го поттикнуваме и поткрепуваме реформираниот, освежениот и зајакнат мултилатерален состав“, изјави генерланиот секретар на ОН. Ги повика светските лидери повторно да се обврзат на почитување на поредокот втемелен на правила, со ОН во неговиот центар, и се спротистави наш ширењето „политика на песимизам“.

 

За трговската војна

Kога станува збор за трговската војна, Трамп истакна дека трговијата треба да биде фер и реципрочна и оти САД нема да дозволат некој да ги искористува.

„Другите земји не ни дозволија слободен пристап до нивните пазари, некои дури и ја злоупотребија нашата отвореност, со цел да се добијат нефер предност во однос на нашата земја. Како резултат на тоа, нашиот трговскиот дефицит се зголеми на осум милијарди долари годишно и поради тоа повторно преговараме за лошите трговски договори“, рече.

„Некои земји кои се членки на Светската трговска организација ги кршат сите принципи на кои се заснова таа организацијата. Таквите односи со Кина се неприфатливи. Начинот на кој Кина води бизнис не може да се толерира. Америка секогаш ќе дејствува во интерес на државата, како што покажа мојата администрација“, истакна Трамп, додавајќи дека САД се повлече од Советот на ОН за човекови права.

„Нема да се вратиме се додека не се спроведат вистински и реални реформи, рече Трамп, потенцирајќи дека САД нема да го признаваат Меѓународниот кривичен суд.

– Што се однесува до САД, тој суд нема надлежност и авторитет, тој ја крши правдата. Нема да се откажеме од американскиот суверенитет во корист на бирократијата. Со Америка управуваат Американци. Ја одбиваме идеологијата на глобализмот и ја прифаќаме доктрината на патриотизам“, повтори Трамп.