Жестоки судири меѓу припадниците на полицијата и радикалните демонстранти избувнале во понеделникот вечерта во каталонската престолнина Барселона, и во блиската Жирона, но засега нема информации за повредени или приведени.
Кон зградата на парламентот на Каталонија во Барселона, каде што се одбележа годишнина од спроведувањето на референдумот за независност на покраината кој го забрани шпанскиот врховен суд, по завршувањето на поворката од околу 180 илјади луѓе, по завршувањето на официјалниот дел, демонстранти фрлале кон полицијата лименки, шишиња, јацја и ја урнале железната ограда. Извикувале пароли со кои барале оставки на премиерот Ким Тора и советникот за безбедност Микел Буч.
Агресивните демонстранти успела да влезат во парламентот, а полициското обезбедување се повлекло во зградата. Радикалите излепиле постери на вратата со барање „прогласување република“. Во 22,15 часот по локално време, единиците за справување со масовни безредија започнале со расчистување на просторот пред парламентот.
Како што известуваат локалните медиуми, покрај тоа, избувнале судири и на разни групи меѓу самите демонстранти.
Тензичната ситуација се пренела и пред зградата на шпанската полиција под команда на Мадрид, која е распоредена во покраината откако ланскиот 1-ви октомври каталонската полиција одби да го спроведе налогот на судот и владата и физички да го спречи одржувањето на референдумот. Таму, исто така, врз полицијаците биле фрлани шишиња и лименки, кои за растурање на демонстрантите користеле гумени палки и пневматско оружје. Во текот на вечерта на улица Лајетана се распоредени полициски возила и кордон на интервентната полиција.
Во Жирона демонстрантие се обидела да ја урнат оградата пред канцеларијата на каталонската влада во оваа провинција и да го пробијат полицискиот кордон. Во овие безредија, според шпанските медиуми, учествувале околу три илјади луѓе.
Претходно во понеделникот, радикалите од Комитетот за заштита на републиката, движење коешто се оформи есента минатата година по спроведувањето на референдумот, ги блокираа главните патни правци во автономната покраина, улиците во Барселона и во Леида, го блокираа влезот во финансискиот кварт на каталонската престолнина, а на неколку часа беше блокирана и експресната железничка линија кон Франција. Демонстрантите го симнаа знамето на Шпанија од зградата на женералитетот во Жирона, истакнувајќи ја наместо него Естелада, неофицијалното знаме на каталонската земја. Самиот шеф на каталонскта влада Ким Тора, по повод годишнината, го поддржа Комитетот и го повика „и натаму да врши притисок“.
Челникот на шпанското министерство за внатрешни работи Жозеп Барел. Како одоговор на ова го повика водството на Каталонија, вклучитлно и Тора, а осигурат ред и мор во покраината, а лидерит ан опозициските кознерватинвата Народна партија и центристичката Граѓани, Пабло Касадо и Алберто Ривера побараа од левичарската влада да воведе во Каталинија повторно директна управа од Мадрид.