Претставена новата 3D Xpoint™ технологија на Интел и Микрон

Интел Корпорацијата и Микрон Технологија, денес ја претставија 3D Xpoint™ технологијата.

Станува збор за меморија која има потенцијал да го револуционизира секој уред, апликација или услуга чиј бенефит е брз пристап до големи збирки на податоци. Технологијата 3D Xpoint™ која што отсега е во производство е голем чекор напред во технологијата за процесирачки мемории и првата нова категорија кај мемориите од претставувањето на NAND флеш во 1989 година.

3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците

Како што наведуваат од Интел, експлозијата на поврзани уреди и дигитални услуги генерира големи количини нови податоци. За да се направат овие податоци корисни, мора да се чуваат и анализираат многу брзо, создавајќи предизвици кај оние што ги нудат овие услуги и кај склопувачите на машини кои мораат да ги балансираат трошоците, моќта и перформансите кога дизајнираат вакви решенија.

3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците.
3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците.

3D Xpoint™ технологијата ги комбинира перформансите, густината, силата, стабилноста и трошоците кои се предност кај денешните достапни мемории на пазарот. Оваа технологија е до 1000 пати побрза и има над 1.000 пати поголема издржливост од NAND, дополнително таа е 10 пати погуста од конвенционалната меморија.

Со децении, индустријата бараше начини за намалување на времето на застој помеѓу процесорот и податоците, за да се овозможи побрза анализа. Оваа нова класа на мемории ја постигнува оваа цел и внесува големи промени во перформансите на мемории и уреди за складирање на податоци, вели Роб Крук, постар заменик претседател и генерален менаџер на Intel Non-Volatile Memory Solutions Group.

Марк Адамс, претседател на Микрон нагласува дека една од најзначајните пречки кај модерните компјутери е времето потребно на процесорот за да стигне до податоците кои долгорочно се чуваат.

Оваа нова класа на меморија е револуционерна технологија која овозможува брз пристап до огромни складишта на податоци и овозможува целосно нови апликации, вели тој.

Со оваа технологија се идентификуваат измамите кај финансиските транскации

Со брзиот растеж на дигиталниот свет, од 4.4 зетабајти податоци креирани во 2013 до очекувани 44 зетабајти до 2020 – 3D Xpoint™ технологијата може да ја претвори оваа огромна количина на податоци во корисни информации за неколку наносекунди.

На пример, трговците на мало можат да ја користат 3D Xpoint™ технологијата за побрзо да ги идентификуваат измамите кај финансиските трансакции; Здравствените истражувачи можат да обработат и анализираат поголеми сетови на податоци во реално време, со забрзано решавање на сложени задачи како што се генетската анализа и следење на болеста.  Придобивките кај перформанси на 3D Xpoint™ технологијата исто така, може да го подобри искуството со секој компјутер, дозволувајќи им на корисниците да уживаат во интерактивни социјали медиуми и соработки, како и извонредни искуства кај видео игрите. Природата на оваа технологија ја прави и одличен избор за различни апликации заради малиот застој, бидејќи податоците не се бришат кога уредот е исклучен, велат од Интел.

Нов рецепт, архитектура за револуционерна мемориска технологија

3D Xpoint™ технологијата е изградена за да одговори на потребата за високи перформанси
3D Xpoint™ технологијата е изградена за да одговори на потребата за високи перформанси

По повеќе од една деценија истражување и развој, 3D Xpoint™ технологијата е изградена за да одговори на потребата за високи перформанси, висока издржливост, висок капацитет за складирање и прифатлива цена.  Новата класа на мемории значително го намалува доцнењето, овозможувајќи многу повеќе податоци да се чуваат блиску до процесорот и до нив да се доаѓа со брзини претходно невозможни.

Иновативната архитектура создава табла во три димензии кај која ќелиите се наоѓаат на пресекот помеѓу зборовите и битовите, што им овозможува да бидат пребарувани секоја одделно. Како резултат на ова, податоците можат да бидат напишани и прочитани брзо и ефикасно, велат од Интел.

 

Повеќе информации за новата технологија на Интел на следниот линк.