Трамп ги зголемува царините на кинеските стоки

Американскиот претеседател Доналд Трамп објави во неделата дека од следниот петок САД ќе ги зголемат царините на кинескаите стоки во износ од 200 милијарди долари од 10 на 25 отсто, тврдејќи дека преговорите се одвиваат „премногу бавно“.

Одлуката е објавена во моменто додека се очекува доаѓањето на кинеските преговарачи во Вашингтон следната седмица на, како што рече американскиот министер за финансии Стивен Мнучин, „последниот круг“ од преговорите.

Двете страни се обидуваат да постигнат трговски договор откако американскиот претседател Доналд Трамп минатата 2018 година воведе царини на стоки, а Кина одговори со иста мерка предизвикувајќи трговска војна која се заканува со дестабилизација на меѓународните пазари. Зголемувањето на царините во петок ќе биде првото откако Трамп и кинескиот претседател Кси Џинпинг во декември прогласија примирје во трговската војна.

„Десет месеци, Кинма им плаќа на САД царини од 25 отсто на стока од висока технологика вредна 50 милијарди долари, и 10 отсто на друг стоки во вредност од 200 милијарди долари. Десет отсто во петок ќе пораснат на 25 отсто“, напиша Трамп на Twitter.

Додава дека другите кинески стоки во вредност од 325 милијарди дилари „и натаму ќе бидат без царини, но наскоро и на нив ќе бидат наметната царини, по стапка од 25 отсто“. „Трговскиот договор со Кина оди натаму, но пребавно, додека они се обидуваат да договорат нови услови. Не!“, пишува уште Трамп.

Трамп поради големио трговски дефицит на САД во размената со Кина минатата година воведе царини на кинеските стоки во износ од 250 милијарди долари. Кина возврати со царини на американски стоки во вредност од 110 милијарди долари, и се закани дека ќе ги царини по висока стапка или забрани некои од најизвеуваните американски производи на кинескиот пазар.

САД и Кина договорија прво дека преговорите треба да се довршат до 1-ви март. Вашингтон од тој датум требаше да го воведе новите царини, но Трамп тогаш реши да не бидат воведени сѐ додека напредуваат договорите. Главните спорни прашања за САД се кибернетичката безбедност, кражбата на интелектуална сопственсот и пристапот до пазарот, како и купувањето суровини.

Пред неколку дена Трамп изјави дека е подготвен да се сретне со кинескиот претседател, доколку биде постигнат трговскиот договор. Но иако Трамп во неделата тврдеше дека американските царини имаата „мало влијание на цените“, истражувањето на Центарот за економски истражувања при Принстон покажа дека трговската војна американските потрошувачи ги лини 1,4 милијарди долари месечно.