
Според статистиките на МВР, во текот на изминатото деноноќие (02/03.04) на територијата на државата на 91 лице им се издадени решенија за изолација, а 23 лица потпишале изјава за самоизолација.
Oд страна на полициски службеници во извршените контроли над лицата во изолација и самоизолација, констатирано е дека само во еден случај, едно лице што било во изолација не е затекнато во својот дом.
-По однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 43 лица не ја почитувале забраната за движење, приведени биле 27 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информираат од Министерството.