![магаре спасено](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/06/magare-spaseno.jpeg?resize=696%2C522&ssl=1)
Магаре кое било оставено на ненаселен остров во архипелагот Шибеник, Хрватска, го спасил морнар кој со својот брод го превезол до островот Каприје, каде што ќе биде неговиот нов дом. Хрватските медуми опширно ја пренесуваат приказната за спасувањето на магарето, за кое е нејасно зошто билоо оставено на остворот на кој нема ниту еден жител.
Станува збор за ненаселениот остров Раван, во близина на Шибеник, каде магарето го
видел случаен минувач и го фотографирал.
За случајот биле известени медиумите, кои пак ги алармирале надлежните служби. Но
ни полицијата, ниту редарските служби не излегле на терен, објаснувајќи дека немаат надлежност да интервенираат на островот. Во пресрет не излегла ниту ветеринарната служба која тврдела дека не оди на терен, ниту пак има брод за да го превезе магарето.
Приказната добила среќен крај кога Бернард Рока со својот брод и со помош на пријатели се упатил кон пустиот остров за да го спаси магарето.
,,Беше преплашено, но одеше по нас. Го донесовме на островот Каприје. Тука ќе остане и децата ќе играат со него, ќе го храниме и ќе го чуваме”, вели Рока.