Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи во вестите на Канал 5 телевизија денеска изјави : „ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да му излезе во пресрет на Заев и да му ги исполни двете желби, едната е да биде министер за финансии, да си даде оставка од премиерското место и истовремено за 100 дена од сега да организираме предвремени парламентарни избори и еве да видиме дали ќе му се исполни втората желба да не смачкал на избори.
Ние се базираме на принципиелна политика, политика која што се темели на проекти и реформи со што ќе победиме на тие избори“, додаде Мицкоски.