Братот на Ел Чека, Блерим Ахмети, денеска со стотина демонстранти протестираше во Тетово и побара Собранието да го легализира објавувањето на „бомбите“ што ги објавува Фејсбук, под псевдоним Ел Чека.
Демонстрантите побараа оставки од функционерите на ДУИ, владеење на правото, судска разрешница на скандалите од новообјавените „бомби“, како и правда за случаи во кои се инволвирани етнички Албанци.
-Бараме од Собранието да иницира процедура со која ќе се поништат одредбите со кои се санкционира објавувањето на прислушувани разговори. Бараме да се поништи овој закон. Венецијанската комисија има донесено одлука дека секој документ кој е од јавен интерес може да биде објавен. Овие разговори се повеќе од јавен интерес, бидејќи човековите права и Уставот на земјата со погазени“, рече Ахмети додавајќи дека законот е донесен за да ги заштити албанските политичари.
Во протестот учествуваа граѓани и од други градови како Куманово, Гостивар, Кичево и Струга, кои допатуваа организирано со автобуси. На топлата не и беше дозволено да се доближи до седиштето на ДУИ.