![pozar-tetovo1-500](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2013/12/pozar-tetovo1-500.jpg?resize=500%2C375&ssl=1)
Пожар во седум катница во тетовската населба Блок 70 избувнал попладнево околу 14 часот. Полицијата и противпожарните екипи се на терен и се прават напори да ги евакуираат жителите на зградата кои се во своите домови и на терасите.
Според првичните информации, се’ уште не е познато како дошло до избувнување на пожарот во подрумските простории. На терен се противпожарни екипи кои се уште се борат со огнената стихија и се обидуваат истиот што поскоро да го изгаснат.
Надлежните бараат начин како да ги евакуираат останатите жители на зградата која е цела во чад.
Според наофицијалните информации неколку лица веќе се пренесени во болница поради вдишување на чад, a повредени се двајца пожарникари.
Порталот tetovasot.com, пак јавува дека од зградат се евакуирани едно хендикепирано лице, бебе и три жени.
ФОТО: tetovasot.com