
Останува уште многу работа за да се спаси договорот за нуклеарната програма на Иран, предупреди францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан.
Според него, има неколку прашања што сè уште го спречуваат предлогот на Франција за спасување на Договорот од 2015 година за ограничување на нуклеарната програма на Иран.
– Има уште многу да се направи. Ситуацијата е сè уште многу кревка, изјави Ле Дријан во Париз за разговорите меѓу Техеран и трите европски земји – Франција, Велика Британија и Германија со цел зачувување на нуклеарниот договор откако минатата година американскиот претседател Доналд Трамп го најави повлекувањето на земјата од договорот.