Битолчани го испуштија водството во Шведска

Ракoметарите на македонските претставник Еурофарм Работник во второто коло од ракометната Лига на шампионит на гостувањето во Шведскла го забележа и вториот пораз, откако со катастрофална игра во второто полувреме ја испуштија солидната предност.

Еурофарм беше совладан со 24:26 на гостувањето кај Савехов, иако имаше огромна предност на полувреме. Имено, ракометарите на Стефче Алушевски на одморот заминаа со предност од пет гола (15:10), но ја изгубија со несфатливиот пад во вториот дел.

Најпрецизен во редовите на Еурофарм беше Ловро Јотиќ со осум постигнати голови, додека со три натпреварот го завршија Бојан Маџовски и Милан Ѓукиќ.