Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.050 тестирања, а регистрирани се 687 нови случаи на ковид, а починати се 46 пациенти.
Скопје има 310, Куманово 55, Битола 35, Прилеп, Охрид и Струмица по 33, Велес 31, Кавадарци и Тетово по 23, Гостивар 19, Штип и Кочани по 17, Свети Николе 11, Кичево, Ресен и Виница по -7, Неготино 6, Гевгелија и Македонски Брод по 4, Струга 3, Богданци 2, Крива Паланка, Делчево, Пробиштип, Демир Капија, Демир Хисар, Кратово и Дојран по 1.
Регистрирани се 1.347 оздравени пациенти од Скопје 780, Битола 94, Куманово 67, Охрид 51, Штип 44, Велес 43, Тетово 33, Кичево 32, Гостивар 21, Кавадарци 20, Гевгелија 19, Кочани 16, Берово 14, Струга – 12, Свети Николе и Ресен по 11, Прилеп и Делчево по 10, Неготино 9, Крива Паланка 8, Пробиштип и Дебар по 6, Радовиш и Македонска Каменица по 5, Виница, Демир Хисар и Кратово по 4, Богданци и Пехчево по 3, Македонски Брод и Валандово 1.
Пријавени се вкупно 46 починати лица: 13 од Скопје (51, 59 , две лица на 63 , 65, 69, 71, две лица на 72г, 81, 82, 84, 87), од Битола 6 (53, 67, 70г, 72, 78г, 90), од Тетово – 4 (44, 65, 78, 84), по тројца починати пациенти од Куманово ( две лица по 70 и 76), Прилеп (34, 68 и 73) и Струмица (72, 76, 82), по двајца од Штип (72, 74), Радовиш (47, 70) и Виница (62, 76), по еден од Велес (84), Кавадарци (84), Охрид (59), Струга (86), Неготини (89), Кратово (85), Македонски Брод (76) и Македонска Каменица (77) . Од починатите пациенти, 43 се починати во болнички услови, а тројца во домашни услови
Направени се 3.050 тестови преку: ИЈЗ-599, ЦЈЗ Скопје-77, ЦЈЗ Битола-94, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, МАНУ-130, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-303, Биотек-319, Систина-243, лабораторија Лаор-540, Синлаб – 20, Ремедика-16, Плодност – 60, Генеа – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 337.
Досега во земјата се направени вкупно 669.141 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 141.844, бројката на оздравени пациенти е 116.780, на починати е 4.228, а бројот на активни случаи изнесува 20.836.