Британскиот парламент денеска одлучува за вонредни избори

Британскиот парламент денеска треба да се изјасни по предлогот на премиерот Борис Џонсон за распишување на предвремени парламентарни избори.

Непосредно пред гласањето анкетите му даваат предност на Џонсон, со 16 поени, пред опозициската Лабуристичка партија.

Џонсон кого конзервативците го избраа во јули за да го одблокира застојот околу „Брегзит“, предложи одржување на избори на 12 декември, откако парламентот не го поддржа договорот што тој го постигна со Брисел. Инаку, редовните избори во Велика Британија би се одржале во 2022 година.