Турски медиуми објавија видео со тестирање на С-400 против „F-16“

Во Турција во понеделникот и вторникот се одввиваат првите тестирања на рускиот одбранбен ракетен систем „С-400“, а тамошните медиуми објавија видео материјал како ова противвоздушно оружје дејствува против американските повеќенаменски борбени авиони од типот „F16“.

На кадрите од видеото што го објави агенцијата Ihlas Haber се гледа американскиот авион „ F-16 Fighting Falcon“ како изведува низок лет над Анкара. Истовремено, батеријата од напредниот руски противвоздушен систем „С-400 Триумф“ го контролира воздушниот простор над турската престолнина.

Испораките на овие руски ракетни системи предизвикаа напнатост во односите меѓу Турција и САД двете сојузнички во НАТО, и започнаа кон средината на јули. Според турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, системиет „С-400“ ќе бидат ставени целосно во функција во април 2020 година.

Вашингтон побара од Анкара да се откаже од договорот со Москва и во замена да се опреми со американските ракетни системи „Patriot“. САД се заканија со суспендирање, па дури и целосно прекинување на испораките на ловците од петтата генерација „F-35“, во чиј проект Турција учествува и како инвеститори, произведувач и купувач. Анкара одби да направи отстапки, па сѐ почести се повиците на американските конгресмени за воведување санкции против Турција.