Најмалку 15 мртви, 11 исчезнати и над 600 повредени во земјотресот во Албанија

Единаесет лица се водат како исчезнаи во крајбрежниот град Драч во земојтресот кој во мугрите во вторникот ја погоди Албанија, пренесува порталот Albanian Daily News, според кој бројот на жртвите рано попладнето се искачил на 15 лица.

Земјотресот со магнитуда од 6,4 според Рихтер неколку минути пред 4 часот ја погоди областа на 32 километри од Тирана. Потоа следеше серија од земјотреси со магнитуди повисоки од 5.

„Најмалку 11 луѓе се водат како исчезнати и по нив трагаат спасувачите во Драч. Седум од нив се во областа број 17 во близина на Црвениот крст, а уште четири во областа број 6 каде што висока зграда е срамнета со земјата“, пренесува порталот.

Според премиерот Един Рама, бројот на извлечените од под урантините достигнал 28 луѓе. Додаде дека спасувачи од Италија, Грција, Франција, Турција, Србија, Црна Гора и Косово ќе земат учество во потрагите по преживеани.

Малку подоцна медиумите објавуваат дека од вкупно од урнатините се извлечени 41 лице. Претпоставуваат дека бројот на жртвите веројатно ќе се зголемува во наредните часови.

Според извештаите на локалните медиуми, подземните удари биле најмногу почувствувани во Тирана, како и во Драч кој е во близина на епицентарот на главниот потрес. Таму неколку згради се урнати се претпоставува дека под урнатните може да има затрупани.