50 села, 50 приказни – Владата ќе го заживува руралниот туризам

„50 села, 50 приказни“ е името на новиот проект на Владата за чие формирање денеска беше донесено решение да се формира работна група. Главната цел е заинтересираност за развој на туризмот во државата и привлекување македонски граѓани кои емигрирале во странство, да инвестираат во руралниот туризам во своите родни села и на тој начин намалување на иселувањето на младите и креирање зелени работни места.

Проектот, кој е планирано да трае до 2026 година треба да ги заживее етнотуризмот, гастротуризмот, екотуризмот, да ја ревитализира туристичката инфраструктура, да ги поддржи локалните производи услуги, да го заштити културното наследство.

На денешната седница Владата исто така го утврди текстот на Предлогот на Закон за ратификација на Спогодбата за соработка и координација на потрагата и спасувањето во областа на воздухопловството, потпишана на 22 февруари 2023 година, во Охрид. Оваа спогодба ја потпишале Хрватска, Унгарија, Црна Гора, Србија, Словачка и Словенија, а нејзината цел е земјите да се обврзат на соработка во воздухопловството според стандардите на ICAO – Меѓународната организација на цивилно воздухопловство.

Предлагач е македонското Министерство за надворешни работи, а Спогодбата треба да овозможи и земјите меѓу себе да потпишат билатерални оперативни договори.