Кошаркарите на Далас на гостувањето кај Орландо славеа со 122-106 во уште една фантастична партија на Лука Дончиќ.
Словенецот блескаше, зад своето име запиша 33 поени, десет скока и осум асистенции. Дончиќ својот одличен учинок го оствари во првото полувреме во кое за 17. минути постигна 24 поени и додаде пет скока и исто толку асистенција. Ова е четвртти натпревар во неговата кариера во кој полувремето го завршува со ваков учинок.
Порзингис имаше историска вечер, постигна 24 поени, 12 од нив ги постигна од линијата за три поени и тоа без промашување, што е рекоткост. Одличната партија ја заокружи со 10 скока и пет блокади. Стана првиот играч во историјата на НБА со ваков учинок.
Далас добро го отвори мечот, веќе во првата четвртина имаше предност од 34-18, додека на полувреме замина со позитива од 64-52. Кошаркарите на Орландо се обидоа да се вратат по одморот, но не успеаја.
Покрај Дончиќ добра игра пружи и Клебер со 26 поени.
#Mavericks guard Luka Dončić finished the first half with 24 points (8-12 FGs), 5 rebounds and 5 assists in only 17 minutes.
This is the 4th time in his short career that he’s finished with 20p-5r-5a in the first half, and 1st since the turn of the decade. pic.twitter.com/dsI5NDZZZN
— Mavs PR (@MavsPR) February 22, 2020
This would be correct, yes.
Kristaps Porzingis is the first player to record 25p-10r-5a-5b with 4+ 3PM in NBA history. https://t.co/iL1RHaXw20
— Mavs PR (@MavsPR) February 22, 2020
https://www.youtube.com/watch?v=6y6sfNJ1Vhk&feature=emb_logo
На останатите средби, ЛА Лејкерс на домашен терен беше подобар од Мемфис со 117-105
Резултати: Орландо – Далас 106-122, Вашингтон – Кливленд 108-113, Њујорк – Индијана 98-106, Торонто – Феникс 118-101, Минесота – Бостон 117-127, Оклахома – Денвер 113-101, Јута – Сан Антонио 104-113, ЛА Лејкерс – Мемфис 117-105, Портланд – Њу Орлеанс 115-128.