![army; borders; buffer zone; crisis; crossing; Evros; fence; flow; immigrants; immigration; Kastanies; migrants; Migration; refugees; tear gas; Turkey; Έβρος; Καστανιές; Τουρκία; δακρυγόνα; δακρυγόνο; μετανάστες; μετανάστευση; μετανάστης; μεταναστευτικό; προσφυγικό; πρόσφυγας; πρόσφυγες; ροές; στρατιωτικός; στρατιώτης; στρατός; συνοριογραμμή; σύνορα; σύρματα; φράχτης; χημικά;](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/03/grcija-migranti.jpg?resize=696%2C464&ssl=1)
Грчката полиција во неделата со солзавец се обиде да ги растера мигрантите кои ја нападнале со камења на границата во северниот регион Еврос, а официјална Атина ја обвини Анкгата дека со ширење на неточни информации го поттикнува движењето на овие лица кон Грција, првата членка на Европската унија на нивниот пат кон западните земји.
„Кампањата на ширење дезинформации на турската влда продолжува. Стварноста е ваква: околу 10.000 луѓе се спречени при обидот да влезат на грчка територија“, објави на Twitter грчкото министерство за надворешни работи во неделата.
Грчката полиција користела солзавец за да ги растера мигрантите кои врз нејзините припадници фрлале каења на границата во Еврос.
Поради приливот на илјадници мигранти кон Грција, Киријакос Мицотакис свика итен состанок на министерствата за надворешни работи и за одбрана во недела во 18 часот по локално време.
ОН предупредуваат
УНХЦР, агенцијата за бегалци при Обединетите нации, во неделата повика на мир и на некористење „претерана“ сила против илјадниците мигранти кои пристигнуваат на грчко-турската граница, настојувајќи да влезат во Европската унија. Светската организација повика на „мир и на попуштање на тензиите на границата“.
„Државите имаат законско право да ги контролираат своите граници и да водат сметка за невообичаениот прилив на луѓе, но мораат да се воздржат од претерана употреба на сила, и мора да воспостават систем кој ќе овозможи поднесување барање за азил на легитимен начин“, истакна во писмена изјава портпаролот на УНХЦР, Бабар Балох.
Грчкото министерство за миграции објави дека грчката полиција досега спрчила 9.600 мигранти во обиди за нелегално минување на границата.
Турција во неделата објави дека им дозволила на околу 76.000 мигранти да ја минат турската граница и да тргнат кон Европската унија. До неделеата утроеоко околу 10 часот, 76.358 мигранти ја минале границата во покраината Едирне, напиша во неделата на Twitter турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу.
Овие бројки не ги потврдија ниту Бугарија, ниту Грција. Извори од грчката полиција за медиумите рекле дека над 500 мигранти пристигнале на источните егејски острови. Според истиот извор, над 300 мигранти со седум чамци стасале на Лезбос, јаде се сместени во центрите за прифаќање против кои се побуни локалното население,
Меѓународната организација за миграции (IOM) објави во саботата вечерта дека до тогаш по должина на 212-те километри од грчко-турската граница стасале 13.000 луѓе.
ЕУ бара итен состанок
Потпретседателот на Европската комисија, Маргаритис Шинас, главен европски функционер за мигрантски прашања, побара во неделата од претседателсството на Хрватска свикување итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ, откако Турција ги отвори своите граници за мигрантите чијашто крајна дестинација се западните членки на Унијата.
Шинас му се обратил на хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божовиќ за да го побара итниот состанок, бидејќи Хрватска претседава со Советот на ЕУ. Шинас притоа додал дека се консултирал со претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен, и со крчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
Фон дер Лејен во саботата рече дека ЕУ со загриженост го следи приливот на мигрантите без контрола од Турција кон нејзините источни граници, како и дека приоритет на Брисел е да „внимава Грција и Бугарија да ја добијат нашата полна поддршка“. „Подготвени сме да дадеме дополнителна поддршка, особено преку Фронтекс на копнените граници“, напиша на Twitter.
Анкара во петокот повеќе нема да ги задржи мигрантите кои се обидуваат да влезат во Европската унија, по офанзивата на сириската војска на бунтовниците во покраината Идлиб кои ги поддржува Анкара, а кога во одбивањето на бунтовничката офанзива сириската владина војска со артилериски оган уби 33 турски војници. Дел од вакавата турската реакција е и одговор на, според Анкара, млаката реакција на сојузниците на НАТО на загунувањето на турските војници во Сирија.
Грција беше главната земја, покрај Италија, за влез во Европа на повеќе од милион и пол мигранти во 2015 и 2016 година, а веќе повеќе од 40.000 мигранти се сместени на грчките егејски острови, каде живеат во пренатрупани кампови во тешки услови.
Минатата седмица жителите на островот Лезбост се содрија со интервентната полиција. Тие тврдат дека понесуваат несразмерен товар и бараат градење на кампови за прифаќање во другите делови на Грција. Министерот за миграции, Нотис Митарахи, изјави за грчката телевизија Ant1 дека Грците не ја сакаат „оваа навалица во нашата земја“, како и дека Грција не е земја во која секој може да влезе без почитивање на прописите.