Мицкоски: Најголем проблем со кој се соочува нашата држава е криминалот и корупцијата – злоупотребите на власта од страна на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска заедно со Стефан Андоновски, советник за меѓународна политика се сретна со членот на Бордот на директори на ИРИ, Олин Ветингтон.

Заедно со советникот за меѓународна политика, Стефан Андоновски денес остваривме средба со членот на Бордот на директори на ИРИ, Олин Ветингтон, Овен Паун директор на ИРИ за Македонија и Илина Мангова програмски директор на ИРИ.

Разговаравме за актуелната политичка состојба во државата, соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ, нашата европска перспектива, злоупотребите на власта и престојните парламентарни избори.

Истакнав дека соработката на ВМРО-ДПМНЕ со ИРИ е на високо ниво и дека размената на искуства е од исклучителна важност во предизборниот период.

Потенцирав дека најголем проблем со кој се соочува нашата држава е криминалот и корупцијата, односно злоупотребите на власта од страна на СДСМ.

Истакнав дека новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ има план како да го забрза процесот на интерграција на Република Македонија во Унијата преку целосно посветување на внатрешните реформи во државата.

Со соговорниците се согласивме дека Македонија се наоѓа пред период кој е клучен за иднината на државата, односно дека иднината на државата зависи од фер и демократскиот изборен процес на 12 април, напиша на својот фејсбук профил Мицкоски.