Во државата се посакува никој ништо да не плаќа, смета Спасовски

Банките најавија одложување на кредитите за три до шест месеци, но дали граѓаните се доведуваат во заблуда ако се знае дека за тој период ќе се пресметува камата по каматна стапка предвидена во самиот договор. Спасовски тврди дека граѓаните не се доведуваат во заблуда затоа што тој дел од мерката бил соопштен од самиот почеток.

„Треба да водиме сметка посебно кога станува збор за банкарскиот систем во државата. Дека е во добра кондиција, е во добра кондиција, дека треба да направиме се за да го одржиме во добра кондиција е исто многу важно. Затоа ги носиме одлуките вака, затоа секојдневните консултации со народна банка и банкарскиот сектор решивме да се помогне на овој начин, да секоја од банките изврши одложување на плаќањето од 3 до 6 месеци. Точно е дека во овој момент нема предвидено да нема камата или да не се стопира каматата, но сепак треба да имаме во предвид дека треба да се одржува ликвидноста. За една држава е многу важно да има ликвиден банкарски систем, можеме да донесеме секаква одлука но не смееме да донесеме одлука со која ќе се загрози здравите системи коишто сега ги имаме“, тврди Сапсовски.

Спасовски рече дека владата не сака да носи избрзани решенија кои ќе му наштетат на цел еден сектор.

Сега во државата се посакува никој ништо да не плаќа, никој за ништо да не се грижи во овој момент, државата се да подмири и на физичките и на правните лица. Тоа не е можно, рече тој.