Ливерпул се врати со „шестка“

По релиси три месеца пауза, лидерот на англиското фудбалско првенство, Ливерпул одигра натпревар во рамките на подготовките за продолжување на сеозоната во кој на својот „Енфилд“ го совлада Блекбурн со 6:0.

Садио Мане ја начна мрежата на гостите со голот во 10 минута, а до крајот на полувремето меѓу стрелците се запишаа и Наби Кеита во 23 и Такуми Минамино во 36 минута. Во продолжението на мечот голови постингаа и Џоел Матип во 68, Ки-Јан Гоевер во 69 и Лејтон Кларксон во 84 минута.

Јурген Клоп на овој натпревар испроба дури 23 играчи, а неговиот колега на спротивната страна Томо Моубреј 22 фудбалери.

„За нас ова не беше само подгответилен натпревар, туку навистина важен тест. Изгледаше навистина добро, но сѐ беше чудно без навивачите. Фудбалот не би бил игра да ги нема навивачите. Го сакаме поради атмосферата и сето тоа, но тоа е сега нашата ситуација, па мораме тоа да го прифатиме“, рече по мечот Клоп.

Се осврна и на новиот протокол според кој се одвиваше натпреварот.

„Момците веднаш по мечот без туширање заминаа во своите домови. Не разбирам како тоа ќе функционира кога ќе играме надвор од нашиот стадион. Сакаме целосно да се насочиме на фудбалот и што и да се случува околу нас ќе го прифатиме“, додад Клоп.

Во првото коло од продолжувањето на сезоната Ливерпул го очекува градското дерби против Евертон на „Гудисон Парк“ на 21-ви јуни. На „Црвените“ за математичка потврда на долгоочекувата 30-та титула им се потреби уште две победи во преостанатите девет кола.

Англиската Премиер лига продолжува на 17-ти јуни, кога второпласираниот Манчестер Сити го пречекува Арсенал, и доколку „Граѓаните“ бидат поразени од „Топчиите“, фудбалерите на Ливерпул четири дена подоцна со победа над Евертон ќе ја обезбедат шампионската титула, бидејќи имаат 25 бодови предност во однос на второпласираниот Манчестер Сити.