Вучиќ за косовското прашање: Не одиме во Белата куќа со бело знаме

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави во пресрет на состаникот со косовските челници во Вашингтон дека во Белата куќа не оди со бело знаме, како и дека не знае што САД ќе понудат, но знае дека Европската унија од Србија бара да престане да се противи на членството на нејзина поранешна јужна покраина самопрогласената Република Косово во Обединетите нации. Во САД двете страни ги очекува „морков и стап“, пишуваат, пак, американските медиуми.

Вучиќ не може да насети што предлагпа Белата куќа за Косово, но поинаку е кога станива збор за Европската унија, вели во интервјуто за белградскиот дневен весник Вечерње новости во пресрет на средбата во Вашингтон на 27-ми јуни.

„Мисламм дека нивната (на ЕУ) идеја сега е да ми кажат да не се противиме на членството на таканреченото Косово во ОН, но не знаат што да ни понудат. Значи, дека не мораме формално да го признаеме Косово, но да не се противме на тоа да добијат столче во ОН“, бели Вучиќ.

Српскиот претседател очекува од Европа порака за Србија дека ќе стане сленка на Унијата „за неколку години“.

„И тогап не сме во лесна ситуација, но тоа не е доволно. На Србија мора да ѝ биде понудено многу повеќе“, оценива Вучиќ.

Средбата во Белата куќа на 27-ми јуни со челниците на Косово ќе бидат „статусни преговори“ под покровителство на ЕУ, рече српскиот претседател.

 

На Србија ѝ претстои тежок период

„Но сакале потесна соработка мешу ЕУ и Белата куќа. Не би имале ништо против тоа амбасадорот од ЕУ да биде присутен. Кога разговараме, ние зборуваме и за европскиот пат. Затоа ќе зборуваме и со нашите пријатели, да видиме што тие мислат“, вели Вучиќ.

Интервјуто со претедателот на Србнија е објавено на денот кога во еднодневна посета на Белград пристигнува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Аналитичарите се согласни дека посетата на Лавров на Белград може да се разгледува од најмалку три апсекта: како поддршка за Вучиќ и неговата партија пред избориниот молк за локалните и парламентарните избори на 21-ви јуни; потоа како порака на Москва дека стои зад Белград во поглед на решавањето на косовското прашање; и, во крајна линија, глобално геополитичка порака дека Русија не се одрекува од своите долгорочни интереси на Балканот.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина е во застој подолго од година и половијан по воведувањето на стопроцентните царински давачки на стоките од Србија како одмасда за српската дипломатска кампања со којашто неколку земји го повлекоа признавањето на еднострано прогласената независност на Косово во 2008 година со поддршката на САД и влијателните членки во ЕУ, како и спрското блокиање на приемите на Приштина во меѓународните организации.

По смената на владата на Албин Курти, која одбиваше да ги укине царините, новата влада во Приштина, избрана со поддршка на САД и гласовите од Српската листа, ги укина царинитеи и се откажа од реципрочните мерки на увозот на стоки од Србија, што Белград го поставуваше како услов за продолжување на дијалогот.

Состанокот во Белата куќа го иницираше специјалниот пратениј на американскиот претседател Доналд Трамп за Косово, Ричард Гранел.

Запрашан за изјавата на косовскиот претседател Хашим Тачи дека целта на состанокот во Белата куќа е договорот за двостраното признавање, Вучиќ потсети дека американскиот претседате Трамп за тоа во писмото упатено нему и на Тачи навел дека тоа го смета за многу важно.

„Јас не мислиме дека Америка ќе го промени својот однос, ниту дека тоа ќе го сторат Германија и Франција. Но, дали ќе се согласиме и ќе му кажеме на Тачи ‘браво, сѐ добивте’, сѐ што можам да кажам е – нема да биде така. Ќе биде тешко и ќе бидеме изложени на најтешките притисоци. Без оглед на тоа дали тоа ќе се случува во Брисел или во Белата куќа“, предупредува Вучиќ.

Очекува тежок период во кој Белград ќе мора да води смета за тегнење на јажето меѓу САД и ЕУ.

„Ќе мора да бидеме флексибилни, да пронајдеме теми за разговор, да ги решаваме проблемите на нашите луѓе од Косово и Метохија, да ги сочуваме нашите национални интереси“, заклучува Вучиќ.

 

Вашингтон со методот „морков и стап“, поволни кредити или повлекување на трупите од Балканот

Американската администрација им ветува на Србија и на непризнаетото Косово обезбедување поволни кредити во висина од 200 милиони долари, предупредувајќи на можноста за повлекување на американските трупи од Балканот објави во понеделникот електронската верзија на американскиот весник The Wall Street Journal, повикувајќи се на високоппозиционирани функционери.

Според изворите, американската администрација во овој случај прибегнува на методот на „морков и стап“, ветувајќи им на двете страни заеми под поволни услови, но истовремено и заканувајќи се со повлекување на американските војници од регионот.

Во написот не се прецизира во кои соодноси споментите кредити може да бидат распределни меѓу Србија и Косово. Но се наглаува дека САД ја имаат воената база „Бондстил“, во која е распореден американскиот контигент во рамките на меѓународната мисија КФОР, која е во близина на Урошецац каде е штабот на Мултинационалната оперативна група „Исток“ под команда на САД.

Веснико, повикувајќи се на помошникот за национална безбедност на американскиот претседател, Роберт О’Брајан, прецизира дека Вашингтон како клучен услов за својата поддршка на Приштина вршел притисок за укинување на високите трговски двачки за српските стоки.

„Ние не можеме да помогнеме ако страните им нанесуваат штети на нивните економии преку трговски бариери, вклучително и царинит“, го цирите О’Брајан весникот.

Според написот, челниците во Франција и во Германија се сомневат дека американските економски ветувања би можеле да доведат до решение на прашањето за српското признавање на Косово.